Тринкиери: Се обложив дека Партизан ќе ја добие Црвена звезда во Евролигата

Тренерот на Жалгирис, Андреа Тринкиери веруваше во победата на Партизан над Црвена Звезда во првото српско дерби сезонава во најквалитетнотно натпреварување на стариот континент, Евролгиата.

Црно-белите славеа како гости во 11. коло со 77-89, а италијанскиот стратег кој своевремено го водеше овој клуб рече дека се обложил на победа на Партизан.

„Добив две вечери и фантастично шише вино, бидејќи се обложив со моите играчи и помошници кој ќе го добие дербито. Беше само прашање на време, тимот да почувствува дека може. Евролигата е исклучително тешка и убива концептот штом малку ќе падне концентрацијата. Секој натпревар е толку важен, критично важен, толку тежок што е подобро да не се гледа на табелата, туку само да се работи“. изјави Тринкиери.

Се вчитува...