Тринкиери се враќа во АБА лигата?

Андреа Тринкиери во саботата со Жалгирис го освои првенството на Литванија, а денеска веќе доби отказ.

Италијанецот сега е слободен да избере нова средина.  Иако имаше уште една година од договорот, тимот од Каунас реши да се раздели и да бара нов тренер, откако Италијанецот не успеа да се пласира во плеј-офот од Евролигата.

Сепак, се чини дека Андреа Тринчиери нема да мора долго да чека на ново именување, барем така наведува италијанскиот новинар Марио Канфора од Газета, кој тврди дека поранешниот стратег на Партизан е желба на Дубаи.

Така, по пет години и Тринкиери би се вратил во АБА-лигата каде во минатото го водеше Партизан.

Се вчитува...