Баерн Минхен по двете успешни сезони во Евролигата, оваа сезона е непретпознатлив и по седум одиграни натпревари има забележано само две победи. Раководството на баварскиот клуб се обидува ситуацијата да ја подобри со нови имиња, а последен кој го засили составот е Нилс Гифај.
На оваа тема сега говореше и тренерот Андре Тринкиери, кој доби прашање дали Гифај е тој што ќе ги реши проблемите на клубот, а италијанскиот стратег имаше ироничен одговор велејќи дека делот кој недостасува е Стеф Кари.
„Не, верувам дека Стеф Кари би бил играчот кој треба да биде делот кој недостасува“, изјави Тринкери.
Во следното коло од Еворлигата баварскиот клуб го очекува уште еден тежок дуел против еден од претендентите за место на Ф4, Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА