Триото на Бруклин чини колку целиот шампионски тим на Лејкерс!

Мега-трансферот на Џејмс Харден во Бруклин ги доведе Нетс на врвот на листата на кандидати за титула, но истото скапо ќе го чини сопственикот на тимот, Џозеф Цаи. Верувале или не, платата на триото Харден – Дурент – Ирвинг, чини повеќе отколку целиот буџет на четири НБА тима.

Оваа сезона супер-ѕвездите на Бруклин ќе заработат 114.824.220 долари, што е повеќе од вкупниот буџет на Никс (93 милиони долари), Оклахома (96 милиони), Шарлот (106 милиони) и Сакраменто (110 милиони), додека Атланта, Бостон и Детроиот имаат само три милиони повеќе од Харден, Дурент и Ирвинг.

Она што е интересно, за целиот ростер на Лејкерс, кој ја освои титулата во претходната сезона, тимот од Лос Анџелес потроши само 350 илјади долари повеќе од Бруклин. Сепак, тимот од Њујорк го нема најскапиот ростер оваа сезона. На првото место е Филаделфија со 144 милиони долари, а зад нив следат Клиперс со 138 милиони долари.

Се вчитува...