Трипие: Верувавме до последниот миг

Англија успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Русија, откако по изведување пенали ја елиминира Колумбија (4-3). Во регуларниот тек мечт заврши 1-1, а Јери Мина постигна гол во судиското продолжение за да ги продолжи надежите на Колумбијците. Немаше погодоци до крајот на 120 минути игра, а драмата го достигна својот максимум при пенал – рулетот.

Колумбија беше во предност, но избраниците на Пекерман не ги реализираа последните два пенали, а Англичаните славеа со погодоците на Трипие и на Даер.

„Верувавме во триумф до последен миг. Не беше лесно да се издржи притисокот, откако примивме гол во судиското продолжение. Моравме да се соземеме, да продолжиме да играме, а на крајот решаваа ударите од 11 метри. Знаевме каква е нашата историја со изведување пенали, но верувавме до последен миг во победа“, изјави Керан Трипие.

Се вчитува...