„Трипл-дабл машината“ Расел Вестбрук повторно „растура“… (видео)

„Трипл-дабл машината“ Расел Вестбрук повторно воодушеви изминатава ноќ во НБА лигата. Оклахома славеше против Мемфис со 114-102, а еден од најдобрите кошаркари на денешницата стигна до нов, 25-ти трипл-дабл сезонава.

На своето конто Вестбрук имаше 38 поени, 13 скока и 12 асистенции. Гостите ги предводеше Марк Гасол со 31 поени и осум асистенции.

Хјустон по продолжение славеше против Чикаго со 121-117, со феноменална партија на Џејмс Харден кој имаше 42 поени, 12 скока и 9 асистенции.

Интересен меч одиграа и Сакрамено и Феникс, а победата во луда завршница ја однесоа гостите со 103-105. Девин Букер во последната секунда погоди тежок шут носејќи триумф за својата екипа. Тој беше и најефикасен кошаркар кај Феникс со 33 поени. Кај домашните предводешен ДеМаркус Казинс со трипл-дабл ефект од 22 поени, 12 скока и 12 асистенции.Кошаркарите на Денвер славеа по голема борба против Милвоки со 121-117. До 22-та сезонска победа Нагетси го водеше извонредниот Никола Јокиќ кој го запиша првиот трипл-дабл во кариерата. Младиот српски центар имаше фантастичен меч во „Пепси центарот“ со 20 поени, 13 скока и 11 асистенции.

Во останатите мечеви од синоќешната програма, Орландо беше подобар од Торонто со 102-94, Бруклин загуби од Индијана со 97-106, Детроит ја победи Минесота со 116-108 и Портланд загуби од Далас со 104-108.

Се вчитува...