Баскет Кам е многу блиску до титулата во кошаркарскиот шампионат на Македонија откако оваа екипа поведе со 2-0 во финалната серија против Бадел. За разлика од првиот меч, „баделки“ овојпат пружија посериозен отпор, но квалитетот сепак беше на страната на кошаркарките на Баскет Кам, кои со триумф од 62-53 се најдоа на еден чекор до кревање на шампионскиот трофеј.
По изедначеното прво полувреме, во кое изненадувачки, „баделки“ имаа еден поен предност (27:26), пресудна беше третата четвртина од вториот финален натпревар во оваа серија која треба да го даде новиот шампион на Македонија. Односно периодот од 25. до 30.минута од играта во кој домашната екипа од негатива од два поени (36:38), стигна до резултатски пресврт. На крајот на третата четвртина, Баскет Кам 2011 поведе со (51:42), и предноста не ја испушти до крајот на натпреварот.
Македонската репрезентативка Сања Адамовска одигра извонреден натпревар, реализирајќи трипл-дабл со 10 поени, 10 асистенции и 11 асистенции. Димова беше најефикасна кај Баскет Кам со 16 поени, додека Матие со 23 поени беше прв стрелец на составот на Бадел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА