Трипл-дабл на Дончиќ во поразот на Далас, Бостон го прегази Голден Стејт

Лука Дончиќ стигна до нов трипл-дабл учинок во НБА лигата откако на натпреварот против Филаделфија забележа 38 поени, 11 скокови и 10 асистенции, но и тоа не беше доволно Далас да избегне пораз од 116-120. На спротивната страна блесна Харис со 28 поени и 5 скокови.

Бостон пак одигра предоминантен натпревар славејќи над Голден Стејт со 52 поени разлика. „Зелените“ доминираа од самиот почеток до крајот па славеа со 140-88 на крилја на Браун и Тејтум кои забележаа 29, односно 27 поени.

Во останатите натпревари: Минестоа – ЛА Клиперс 88-89, Орландо – Детроит 113-91, Торонто – Шарлот 111-106, Кливленд – Њујорк 98-107, Сан Антонио – Индијана 117-105, Феникс – Оклахома 110-118.

Се вчитува...