По една убедлива четвртина за секоја од екипите во првото полувреме, неизвеснот во вториот дел, драма во финишот и продолжение во кое подобар беше Детроит и забележа победа од 128-123 во пресметката до Денвер.
Никола Јокиќ имаше нов трипл-дабл од 39 поени, 10 скока и 11 асисенции, но не го одведе тимот од победа. За него ова е трипл-дабл број 10 во оваа сезона. Андре Драмонд со 21 поен и со 17 скока и Реџи Џексон со 20 поени и шест асистенции беа лидери во победата на Детроит.
За Денвер ова беше 16-ти сезонски пораз, има и 34 победи и е на третата позиција во Западната конференција, Детроит ја забележа само 18-та победа наспроти 33 порази и е на 11. позиција на Исток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

