Денвер Нагетс го победија Бруклин Нетс по продолжение со резултат 144:139 и ја забележаа втората победа сезонава.
По лошиот почеток на сезоната и двата порази во првите два натпревари, Нагетс повторно беа блиску до неуспех, но Јокиќ со својата блескава игра, спречи нов пораз.
Денвер во текот на целиот меч се мачеше со жилавите Нетс, кои имаа добри шанси за триумф, но не успеаја да го скршат тимот кој го освои трофејот пред две сезони.
Јокиќ најпрво донесе израмнување на својот тим на осум секунди до крајот, а домашниот тим не успеа да го искористи последниот напад и да ја забележи втората победа сезонава. После тоа српскиот репрезентативец успеа да го донесе својот тим до втората победа во сезоната.
Јокиќ го заврши натпреварот со 29 поени, 18 скока и 16 асистенции, со што стана само вториот играч во историјата кој стигнал до такви бројки. Досега единствен беше Оскар Робертсон, кој успеа да го направи тоа два пати.
Одличен меч одиграа и Маверикс против Минесота. Минесота сакаше да се реваншира за елиминацијата од плеј-офот минатата сезона, меѓутоа тоа не се одвиваше според планот.
Ентони Едвардс имаше фантастичен меч и постигна 37 поени со 6 скока и 3 асистенции, но покрај него вреден беше само Џулиус Рендл со 20 поени и 7 скока и асистенции. На другата страна блескаше Лука Дончиќ со 24 поени, 9 асистенции и 8 скока, Словенецот погоди неколку неверојатни удари, но прво име на натпреварот беше Кајри Ирвинг со 35 поени, 5 асистенции и 4 скока. Со двајцата Пи Џеј Вашингтон постигна 178 поени со 8 скока, а Даниел Гафорд имаше 14 поени и 4 скока. Треба да се спомене и дека Клеј Томпсон не одигра добро и постигна само седум поени.
JOKER BEING JOKER 😳
🃏 29 PTS
🃏 18 REB
🃏 16 ASTJoins Oscar Robertson (2x) as the only players in NBA history to reach this stat line! pic.twitter.com/p9AJPLWH8I
— NBA (@NBA) October 30, 2024
Минесота – Далас 114:120
Јута – Сакраменто 96:113
Голден Стејт – Њу Орлеанс 124:106
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА