Трипл-дабл на Леброн, Лејкерс го запреа Денвер (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс врзаа две победи, Леброн Џејмс запиша прв трипл-дабл за новиот клуб, заврши успешната серија на Денвер која траеше од почетокот на сезоната. Ова е исходот од дербито меѓу Лејкерс и Денвер кое тимот од Лос Анџелес го доби со 121-114.

Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 28 поени, 11 скока и исто толку асистенции. Кајл Кузма имаше сепак клучна улогa во успехот бидејќи со две забивања ги одлепи Лејкерс на плус седум на влезот на последната минута. Кузма мечот го заврши со 22 поени. Кај Денвер, Никола Јокиќ беше прв стрелец со 24 поени, но загуби две топки во финишот по штo следуваа поените на Кузма за опиплива предност.

 

 

 

Бостон по пресврт и одлично издание во вторто полувреме го доби вторто дерби од НБА програмата против Оклахома со 101-95. Во средината од последната четвртина, Бостон губеше со 94-84, но тогаш направи серија од 16-1 и ја забележа третата сезонска победа. Оклахома останува без победа и по четири одиграни натпревари.

Резултатска позитива засега нема ниту вицешампионот Кливленд кој по пет дуели е на нула откако ја загуби и пресметката со Детроит со 110-103.

 

 

Се вчитува...