„Трипл-дабл“ на Смит Меквин, ФМП Академија го реши Куманово

Кошаркарите на ФМП Академија со убедлива победа од 83-102 го завршија гостувањето против Куманово во 9. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

ФМП од самиот почеток на мечот наметна ритам за победа добивајќи ја првата четвртина со 21-35. Домашните успеаја да се вратат во вториот период од играта, успевајќи да дојдат на полувремето до негатива од само поени (44-49), но во второто полувреме целосна доминација на гостите за заслужена победа.

Извонреден во победата на ФМП Академија беше Смит Меквин кој заврши со „трипл-дабл“ од 26 поени, 11 скока и 10 асистенции, а 23 поени постигна Џонс кој имаше и девет скока. Одличен беше и Настовски со 17 поени, а Коскоски мечот го заврши со 15 поени и шест скока, Пајиќ запиша 16 поени. Кај кумановци се издвои Јанески со 23 поени и 10 скока, а Стротер заврши со 17 постигнати поени.

Академија ФМП дојде до третата победа сезонава во девет меча, издвојувајќи се од дното на табелата, а Куманово остана на претходните две победи, сега и со седум порази.

Се вчитува...