Кошаркарите на МКК Куманово му го нанесоа 22. пораз во исто толку натпревари на „фенерџијата“ Вардар во Првата лига, славејќи денеска на гостински терен со рутински 57-74.
Гостите уште од самиот старт беа подобар противник и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се надева дека ќе стигне до полн плен. Тадија Тадиќ испиша историја запишувајќи трипл-дабл на овој меч (12 поени, 10 скока и 10 асистенции). Кај поразените Бајрам заврши со 18 поени.
Со овој меч двата тима го завршија регуларниот дел од сезоната. МКК Куманово во моментов е втор, но ќе го чека расплетот од преостанатите мечеви да дознае на кое место ќе биде пред плеј-офот. Од друга страна Вардар завршува како последен и останува само на теоретски шанси за обезбедување на опстанок преку плеј-аутот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА