ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
По завршувањето на првата групна фаза во Загреб, македонските го продолжува настапот во Вараждин, а според распоредот на натпреварите следниот дуел е в недела против Шпанија. Како првопласирани во група, макеоднските ракометари имаат три дена одмор до почетокот на втората фаза. Период во кој селекторот Раул Гонзалес со стручниот штаб ги одработува тактичките подготовки, а медицинскиот тим се грижи играчите да бидат максимално рехабилитирани за напорот што ги очекува во продолжението на ЕП.
Физиотерапевтот Димитар Маневски е оној кој будно бдее над играчите. На натпреварите понекогаш претрчува речиси исто колку и играчите, а потоа за него продолжува работата и по враќањето во хотелот, некогаш и долго во ноќта. Како што вели, најважно е сите да бидат добри.
„Подобро е што имаме сега три дена за да се рехабилитираат играчите после овие три напорни натпревари. Медицинскиот тим ќе направи се што е во нивна можност за да ги оспособи играчите да бидат поподготвени за тоа што не очекува во продолжението на ЕП во Вараждин“ – вели Маневски
Напорот си го прави своето, но во македонската репрезентација освен повредата на зглобот на Филип Миркуловски и истегнатиот мускул на Филип Лазаров, кои благодарение на медицинскиот тим сепак навреме се оспособени да играта, за среќа, засега нема нема посериозни проблеми.
„Нормално е да има малку замор, играчите се исцрпени, навистина го дадоа својот максимум на овие први три натпревари и ги исполнија сите задачи дадени од селекторот. Што се однесува до медицинскиот тим ќе настојуваме овие денови сите да се рехабилитираат сите играчи. Досега немавме проблем, се надеваме дека така ќе биде и во Вараждин“ – истакнува Димитар Маневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА