Денвер беше поуспешен од Торoнто во дерби пресметката на најдобрите екипи во досегашниот тек од сезоната од НБА лигата. „Нагетс“ славеа со 95-86 и врзаа серија од три последовни победи и со ефект 29/9 се лидери на Западот, а Торонто кој пак има два последовни пораза со биланс 23/9 е водечки во Источната конференција.
Никола Јокиќ беше лидер во успехот на Денвер со 26 поени, Џамал Мареј постигна 19. Кај Торонто најефикасен беше Каваи Ленард со 29 поени.
Одличниот Лука Дончиќ не можеше да спречи пораз на Далас од Сакраменто. „Кралевите“славеа на гостувањето во Тексас со 120-113. Словенечкиот дебитант во лигата дуелот го заврши со 28 поени, но не можеше сам против Сакраменто во чии редови Бади Хил и Диерон Фокс има по 28 поени.
Сакраменто сега е израмнет со Портланд и со Мемфис во триото екипи со идентчен биланс од 16/13 од шестата до осмата позиција на табелата на Запад. Далас пак е веднаш зад нив (15/13).
Џон Вол со 40 поени го предводеше Вашингтон до прекин на лошата резултатска серија од четири последовни пораз и до триумф од 128-110 над Лос Анџелес Лејкерс. Уште во првото полувреме, Вол имаше 28 поени и во текот на целиот меч беше нерешлив проблем на Лејкерс. Бредли Бил постигна 25 поени, а Џеф Грин придонесе со 20 поени.
Леброн Џејмс имаше невообичаено слаб ефект, псотигна само 13 поени. Кај Лејкерс прв стрелец беше Кентавијус Колдвел-Поуп со 25 поени, Кајл Кузма постигна 20.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

