Андреа Довициозо славеше победа на завршната трка од Мото ГП шампионатот што се возеше денеска во Валенсија во екстремно тешки услови.
Силниот дожд им направи големи проблеми на возачите, имаше прекин на трката и многу излетувања од патеката. Меѓу другите последната трка од шампионатот предвреме ја завршија и новиот шампион Марк Маркез, Андреа Јаноне и Маверик Винаљес. На четири круга пред крај излета и Валентино Роси, но тој успеа да се врати на патеката и ја заврши трката на 13.место.
За возачот на Дукати ова четврта победа сезонава, вкупно 21 во неговата кариера.
Втор на целта мина Алекс Ринс, а третото место го освои Пол Еспаргаро.
Завршната трка во валенсија повеќе имаше ревијален карактер бидејќи новиот шампион Марк Маркез веќе ја имаше обезбедено шамопионската титула. Маркез го заврши шампионатот со 321 бод пред Довизциозо со 245 и Роси си 198 бода.
Новата сезона во Мото ГП шампионатот стартува на 10 март наредната година со трката за ГН на Катар на патеката во Доха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА