Шалке 04 оствари нова победа во Бундес-лигата и се зацврсти на втората позиција на табелата со 52 бода, зад неприкосновениот Баерн Минхен. Тимот од Гелзенкирхен славеше на домашен терен против Фрајбург со 2-0, а стрелци на головите беа Калигури од пенал и Бургшталер.
Посебно ефикасни беа фудбалерите на Хофенхајм, кои го совладаа Келн со убедливи 6-0. Гнабри и Ут постигнаа по два гола за домашниот тим, а во листата на стрелците се запишаа и Руп и Зубер. Лајпциг на гости го совлада Хановер со 2-3.
Дербито на колото се игра на „Алијанц арена“, каде од 18.30 часот Баерн Минхен ќе ја пречека Борусија Дортмунд.
Резултати Германија; Баер Леверкузен – Аугсбург 0-0, Хановер – Лајпциг 2-3, Хофенхајм – Келн 6-0, Шалке – Фрајбург 2-0, Штутгарт – Хамбургер 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА