Ракометарите на Алкалоид без апсолутно никакви проблеми дојдоа и до четвртата победа на стартот од сезоната во Суперлигата на Македонија, триумфирајќи со убедливи 45-23 (23-13) против Прилеп во првиот натпревар од 4. коло.
Од самиот старт на натпреварот беше сосема јасно кој ја носи фаворитската улога на мечот. Алкалод не дозволи никакво изненадување, па уште по првото полувреме беше 23-13.
Во вториот дел, Кире Лазаров им даде шанса на сите ракометарите во својот состав, кои максимално искористувајќи ја реализираа само еден, се чини, полесен тренинг натпревар за конечен триумф од +22 гола разлика (45-23).
Костески со седум гола беше најефикасен кај Алкалоид, сите постигнати во второто полувреме, а голманот Кисиќ заврши со 15 одбрани и плус и еден постигнат гол. Кај Прилеп најефикасен беше Кластек со четири погодоци.
Алкалоид сега го презеде врвот на табелата со 8 бода, а Прилеп остана на претходните три освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА