Триумфален крај на кариерата на Филип Миркуловски

Филип Миркуловски имаше триумфален крај на кариерата откако во последниот професионален меч како играч македонскиот ас се радуваше на победа со Вецлар над Минден изразена со конечни 30-28.

Македонскиот интернационалец уште пред извесно време објави дека оваа сезона ќе му биде последна, во меѓувреме имаше и триумфално простување од националниот тим, за денеска во ист стил да ја заврши и клупската кариера. Миркуловски на својот последен меч постигна два погодоци и имаше исто толку асистенции.

Жарко Пешевски имаше победничка разделба од фановите на Штутгарт, откако неговиот тим во последното коло славеше со 28-25 над Мелсунген предводен од Роберто Парондо. Македонскиот пивот постигна еден гол на последниот меч за Штутгарт, пред трансферот во редовите на Е. Пелистер.

Се вчитува...