Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, тимот на Алкалоид имаше триумфален поход во Литванија, потврдувајќи ја фаворитската улога и во вториот натпревар од двомечот против Драгунас Клаипеда.
Долгиот пат до балтичката држава, како и густиот распоред го земаа данокот, но и покрај тоа што избраниците на Лазаров не беа на самиот врв на својата задача, одиграа натпревар во кој од првата до последната минута имаа резултатска контрола. Во ниеден момент не му дозволија на противникот да се надева на позитивен исход па останаа со перфектен учинок во воведот во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА