Ненад Димитријевиќ имаше победничко деби во дресот на Валенсија, откако доскорешниот евролигаш славеше на контролниот дуел со Сарагоса со убедливи 88-73.
Валенсија фуриозно го стартуваше мечот добивајќи ја првата четвртина со 31-12, по што Димитријевиќ и соиграчите само рутински ја одржуваа позитивата до самиот крај. Македонскиот плејмејкер мина на теренот само шест минути, период во кој реализираше шест поени. Најефикасни во редовите на Валенсија беа Дубљевиќ со 20 и Ферандо со 10 постигнати поени.
Следен предизвик за Димитријевиќ и Валенсија ќе биде пријателскиот дуел со Манреса закажан за вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА