Антонио Конте имаше триумфално деби на клупата на Интер, откако „нероаѕурите“ славеа со 2-1 над Лугано во првиот контролен натпревар што го играат во овие летни подготовки.
Неполна седмица по стартот на подготовките во Швајцарија, Конте може да биде задоволен од поголемиот дел од прикажаната игра на своите избраници. Мечот беше решен во првото полувреме, кога Сенси и Брозовиќ погодија во мрежата на Лугано, по што швајцарскиот само го ублажи поразот преку Криезиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА