Трка за историја – Мухамед со нов светски рекорд на 400 метри со пречки

Американската атлетичарка Далила Мухамед го освои златото на трката на 400 метри со пречки на Мундијалот во Доха. Таа до златниот медал стигна со време на нов светски рекорд 52.16 секунди, што е за четири стоти делови од секундата подобро од претходниот рекорд кој го постави во јули месец годинава.

Второто место и припадна на младата американска ѕвезда Сидни Меклафлин која постави време од 52.23 секунди што е трето најдобар резултат на сите времиња и нов јуниорски светски рекорд.

Третото место и припадна на Рашел Клејтон од Јамајка со резултат 53.74.

Се вчитува...