Трка за „златната копачка“: Салах и Меси рамо до рамо

Како што се приближува финишот од сезоната во фудбалска Европа, така се повеќе се разгорува и трката за „златната копачка“, признанието што му се доделува на најдобриот стрелец на „Стариот континент“. Како што е веќе познато, во оваа трка во предност со фудбалерите кои настапуваат во големите лиги, бидејќи головите им се множат по два поени, наспроти 1,5 поени по погодок во Португалија, Холандија и дел од попросечните шампионати ширум Европа.

На врвот на листата во трката за „Златната копачка“ се наоѓаат Лионел Меси и Мохамед Салах, кои двајцата сезонава имаат по 29 погодоци (58 поени) зад своето име во Примера дивизион, односно во Премиер-лигата. Салах делуваше во сигурно водство, но Египќанецот поради повреда не настапи со Евертон, Меси постигна хет-трик против Леганес, па сега двајцата е израмнети во трката за престижното признание.

Зад нив се наоѓа Роберт Левандовски со 26 гола за Баерн Минхен (52 поени), исто колку што има и Чиро Имобиле во Лацио. Најмногу голови на оваа листа има Жонас од Бенфика, вкупно 33, но бидејќи оваа бројка за португалското првенство со многу со 1,5, тој се наоѓа на петтото место со вкупно 49,5 поени.

Листата на Топ10 стрелци во трката по „златната копачка“ ја комплетираат Кавани, Кејн и Икарди, со по 24 гола, следени од Роналдо и Суарез, кои имаат постигнато по 22 погодоци во Примера.

Се вчитува...