За време на Големата награда на Италија, колекција од скапоцени предмети поврзани со Михаел Шумахер привлече големо внимание од колекционерите. Највредниот експонат беше тркачкото одело на Ферари од 2000 година, со кој токму во таа сезона Шумахер ја освои својата прва титула со Ферари.
Со тој успех, тој започна неверојатна серија од пет едноподруго шампионски титули, завршувајќи со седмата титула во 2004 година. Костумот беше користен на Големата награда на Унгарија во 2000 година и достигна импресивни 95.650 евра на аукцијата.
Значителен дел од приходите оди во фондацијата „Продолжи да се бориш“, која е поддржана од семејството на Шумахер. Исто така, на аукцијата, беа понудени и други ретки парчиња.
Тркачкиот костум на Бенетон што го носеше седумкратниот шампион во 1995 година беше продаден за 61.360 евра. Реплика на кацигата на Скудерија Ферари од 2003 година со потпишаниот визир на Шумахер достигна цена од 11.520 евра.
Самата аукција се одржа во сосема новиот простор „Шумахер Салон“, кој беше отворен за прв пат оваа година во Монца. Тој простор е специјално посветен на познатиот возач и неговото наследство во Формула 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

