Ерлинг Халанд го игра најдобриот фудбал во својата кариера, но норвешкото „чудо од дете“ во следната година повторно ќе ги промени клупските бои откако Борусија Дортмунд донесе одлука за негова продажба во 2021. Причината – финансиска, за „милионерите“ да заработат значително повеќе од она што би го добиле доколку почекаат до 2022 година.
Борусија ја доби трката кога Халанд заминуваше од Салцбург, но Мино Раиола во тие преговори се избори за клаузула според која Халанд ќе биде достапен за 75 милиони евра во 2022 година. Челниците на германскиот клуб се свесни дека вредноста на Норвежанецот моментно ја надминува границата од 100 милиони евра, па затоа се решени да го продадат на крајот од сезонава и самите да ги диктираат условите на трансферот.
Се очекува Борусија да бара 150 милиони евра, а во главна улога да биде Манчестер Сити. Пеп Гвардиола е во потрага по нов врвен голгетер, се најавува заминување на Агуеро, а Халанд дефинитивно одлично би се вклопил во „дрим-тимот“ на „граѓаните“. Реал Мадрид останува кандидат, но само доколку не успее да дојде до Мбапе, а во трката може да се вклучи и Јувентус, клуб кој е во одлични односи со Мино Раиола и кој ќе има буџет на располагање доколку го продаде Роналдо на крајот од сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

