Неверојатна случка го одбележа Европското првенство а атлетичари до 18 години што се одржува во Бањска Бистрица, а во центарот на вниманието се најде Британецот Џејк Оди-Џордан кој прокоцка сигурна победа на трката на 200 метри.
Британскиот атлетичар делуваше моќно од самиот старт и создаде предност што се чинеше доволна за сигурна победа. Сепак, лекцијата дека трка се трча го минувањето низ целната линија тој ја научи на потешкиот начин, откако на десетина метри пред крајот убеден дека победува подзастана, овозможувајќи им на ривалите да го минат.
Сите беа зачудени, а особено Оди-Џордан, кој наместо сигурна победа на крајот го освои само четвртото место во трката.
Погледнете ја оваа неверојатна ситуација…
A valuable lesson learned in #BanskaBystrica2024! ⚠
Don’t ease back *that* early…! 😬 pic.twitter.com/eOlcLFtA3S
— European Athletics (@EuroAthletics) July 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА