Оваа година ќе се вози последното изнадние на трката за ГН на Малезија во Формула 1, соошти премиерот на Малезија, Наџиб Разак.
„Организирањето на трка во Формула 1 придонесе нашата држава да стане дестинација за спорт и туризам. Сепак, проценето е дека организацијата на оваа трка веќе не се исплати поради големите трошоци и падот на продажбата на влезници“ – наведува Разак во соопштението до јавноста.
Трките во Формула 1 во Малезија се возат од 1999 година. Малезија заедно со Јапонија тогаш беше единствена земја од Азија која организираше трка во Ф1. Во меѓувреме во календарот на Ф1 се приклучија и Кина, Сингапур, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати.
Најголем конкурент на Малезија е блискиот Сингапур, кој организира ноќна трка како една од најпопуларните во Формула 1 и најпривлечна за публиката.
„Секогаш е тажно кога треба да се поздравиме со некој член од семејството на Формула 1“ – изјави Шон Бречис, еден од директорите во Ф1.
Повлекувањето на Малезија доаѓа во времето кога Формула 1 настојува да се прошири во Северна Америка која е примарен пазар за овој спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА