Трката за трофеи со Бенфика продолжува: Порто го освои португалскиот Куп (ФОТО)

Порто е освојувачот на овогодинешното издание на Купот на Португалија откако во финалето славеше против Тондела со 3-1. До победа „сино-белите“ ги предводеше Тареми со два гола и Витиња со еден, а почесниот гол за Тондела го постигна Боргес.

Порто со денешниот триумф стигна до 18 Куп титула во Португалија со што ја продолжи трката со вечниот ривал Бенфика кој има 25 освоени титули.

Се вчитува...