Женската ракометна репрезетација на Македонија не успеа да стигне до втората победа во низа на турнирот „Трофеј Македонија“ што се одржува во Охрид, откако нашите ракометарки во драматичен дуел загубија од Египет со миинмалин 18-19.
Одличниот почеток и водството од 7-3 беше премалку за да се стигне до посакуваниот исход, ако се знае дека Египќанките веќе до крајот на првото полувреме успеаја да се вратат и на одмор да заминат со израмнети 10-10. Вториот дел мина во максимално израмнета игра, Македонија имаше напад за победа во последната минута што избраничките на Грчевски не го искористија, по што казната стигна на спротивната страна и Египет со пенал на десетина секунди до крајот стигна до победата.
Египет со оваа победа се врати во игра и за врвот на табелата во трката за трофејот, ако се знае дека има два бода, но и важи за благ фаворит во пресрет на утрешниот дуел со Тунис.
Грција моментно е лидер на табелата со три бода, Македонија има два во пресрет на утрешната директна пресметка меѓу овие соседни репрезентации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

