Ракометната федерација на Македонија известува дека по подолго време, повторно ќе се организира меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија“.
Турнирот ќе се одржи од 18-ти до 20-ти септември во спортскиот центар „Билјанини Извори“ – Охрид ќе биде домаќин на ова значајно спортско случување, во организација на Ракометната федерација на Македонија.
Женската репрезентација на Македонија ќе игра против репрезентациите на Грција, Египет и Тунис.
„Овој турнир е ново поглавје и голема можност за унапредување и промоција на женскиот ракомет во Македонија, а воедно и важен чекор кон меѓународна афирмација. Дополнително, ова претставува силна потврда за афирмацијата на македонскиот ракомет и неговата улога на европската и светската ракометна сцена.
Ракометната федерација на Македонија Ве поканува сите љубители на спортот да бидете дел од „Трофеј Македонија 2025“. Очекуваме три дена исполнети со врвен ракомет, спортски предизвици и силна поддршка за нашите ракометарки“, велат од Ракометната федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

