По само три натпревари во финалната серија, со максимални 3-0, словенечкиот тим Приморска стигна до трофејот во АБА2-лигата кој до прослави во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
Словенците сосема заслужено се радуваа против МЗТ Скопје и денеска потврдувајќи дека се далеку подобар тим. Па на крајот сосема заслужено, и на терен, и во соблекувални, и во прес-центарот си се радуваа и го прославуваа со шампањ влезот во АБА 1-лигата… На кошаркарите на македонскиот тим, пак, не им преостана ништо друго освен да им аплаудираат на подобрите и надевајќи се, како второпласиран во АБА2 лигата, преку баражот со Задар, во две добиени средби во кој предноста на домашниот терен ќе ја има хрватскиот тим како претпоследен од АБА1-лигата, да дојдат до елитното регионално натпреварување…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА