Изминатиот викенд во СЦ „Јане Сандански“ беше одржан четвртиот меморијален турнир во чест на прерано починатиот тренер Драган Василов – Цевка, а во конкуренција од четири екипи трофејот заврши во рацете на младите кошаркари на Феникс 2010, интересно, тим за кој игра и внукот на познатиот стратег, Калин Василов.
Избраниците на Саздов во полуфиналето славеа против МЗТ Скопје со 36-31, а во големото финале триумфираа над МВП со убедливи 54-37.
Во натпреварот за третото место младите кошаркари на Вардар славеа со 36-34 против МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА