Ракометарите на Алкалоид по долго чекање конечно го добија трофејот од Европскиот Куп на ЕХФ кој го освоија откако АЕК не сакаше да излезе на теренот на реваншот во Скопје, по големата победа на нашиот тим на првиот меч во Атина.
За Алкалоид, ова е трет освоен трофеј во историјата, по Суперкупот и Купот на Македонија.
Воедно, тимот на Лазаров е трет македонски клуб со европска титула во ракомет, по Вардар (двократен европски првак) и Кометал Ѓорче Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

