Трофејот од ЕП стигна во Гдиња (фотогалерија)

Фудбалските фанови од Гдиња денеска имаат можност да го видат и да се фотографираат крај трофејот што ќе биде доделен на најдобрата репрезентација на ЕП 2017 што се одржува во Полска.

Денешниот дуел меѓу Македонија и Португалија е последниот што ќе се игра во овој град, трофејот и денеска ќе се најде крај аут-линијата на стадионот „Мијески“, а потоа ќе замине за Тихи и Краков, каде ќе се играат полуфиналните натпревари на овој европски шампионат.

gdinja pred stadion gdinja2 gdinja3 gdinja4 gdinja5 gdinja6

Се вчитува...