Трофејот од „Комјунити шилд“ за Манчестер Сити (ВИДЕО)

Манчестер Сити го освои првиот трофеј во Англија, откако во финалето по изведувањето на пеналите го совлада својот градски ривал Манчестер Јунајтед и се закити со пехарот во „Комјунити шилд“. Трагичар во пенал серијата беше Џони Еванс кој промаши во осмата серија, и така му овозможи на Сити со гол да дојде до овој трофеј.

Во регуларниот дел беше без победник 1-1. Во првиот дел немаше голови, а прв дојде во водство тимот на Манчестер Јунајтед преку Алехандро Гарначо во 82. минута.

Сепак, Сити успеа да се избори за пенали со голот на Бернарндо Силва во 88. минута.

Токму Силва прв промаши во серијата на пенали, а потоа и ударот на Санчо му го одбрани Едерсон, па беше 4-4 после првите пет пенали.

Во осмата серија Еванс лошо го изведе пеналот над голот, а Сити погоди преку Аканџи, и го обезбеди првиот трофеј сезонава.

Се вчитува...