Во рамките на промоцијата на УЕФА Суперкупот 2017 кој во август ќе се игра на „Телеком арената“ во Скопје, од Фудбалската федерација на Македонија подготвуваат голема „турнеа“ низ градовите во нашата земја со промотивни активности за еден од најголемите европски клупски натпревари.
Трофејот кој го добива победникот во Суперкупот на УЕФА, согласно предвидената програма за активности на ФФМ, од 20. март ќе патува низ поголемите градови во Македонија како би се донел поблиску до секој фудбалски вљубеник.
Во меѓувреме со засилено темпо, и по последната контрола од УЕФА, течат активностите околу финалната реконструкција на „Телеком арената“ каде треба да се овозможат неопходните услови за организација на Суперкупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА