Точно во 59:00 запре и големата дерби-пресметка во Битола меѓу Пелистер и Вардар.
Актерите на двата тима заедно со присутната публика на стадионот „Петар Милошевски“ и најверните навивачи на битолчани, „Чкембарите“ оддадоа почит за сите настрадани во ужасната трагедија во дискотеката Пулс во Кочани.
Речиси една минута аплауз за сите жртви како поддршка и за семејствата на настраданите, по што потоа целиот стадион продолжи со скандирање: „Кочани, Кочани..:“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА