Сопругата на Михаел Шумахер, Корина не остави никого рамнодушен на церемонијата во Келн не можејќи да ги сокрие солзите за време на примањето на наградата за својот сопруг.
Михаел Шумахер ја доби „Државната награда“, најголемо признание на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, за посебни достигнувања за промоција на германската држава.
Наградата ја прими Корина, која низ нескротливи емоции, истакна дека сопругот секој ден и недостасува многу…
„Михаел многу ми недостасува, но не само не мене. На децата, семејството, на сите им недостасува секој дена, а тој е тука. Тој е различен, но барем е тука и тоа ни дава сила. Се обидуваме да продолжиме како семејство, како што тој би сакал. Секогаш не штитеше, а сега ние го штитиме него“ – истакна Корина Шумахер.
Легендарниот Ф1-возач, Михаел Шумахер се здоби со тешки повреди и оштетување на мозокот за време на скијање во Франција, по што беше ставен во индуцирана кома. По една година се разбуди од индуцираната кома, но е далеку од очите на јавноста па никој вистински не знае каква е точно неговата здравствена состојба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА