Трогателно: Гласот на Тоти разбуди девојка по 270 дена во кома

Неверојатна приказна доаѓа од Италија, каде младата фудбалерка на Лацио, Иленија Матили, се разбуди по 270 дена минати во кома благодарение на Франческо Тоти. Легендарниот ас на Рома бил идол на 19-годишната Иленија, а кога нејзини блиски лица му се обратиле за помош, тој се согласил да сними аудио порака со поддршка за девојката.

„Иленија, не се предавај, ќе успееш…. Сите сме овде со тебе“, биле дел од охрабрувачките пораки што цело време и биле пуштани на Иленија додека таа водела борба за живот.

Станува збор за нова лекарска терапија, во обид да се допре до лицата кои се наоѓаат во длабока кома. Иленија, која е фудбалерка на Лацио, имаше страшна сообраќајна несреќа на 15 декември 2019 година, една нејзина пријателка го загуби животот, а таа долго време беше без напредок се додека не почна во собата да и се пушта аудио-снимката од фудбалската легенда.

„Состојбата почна значително да и се подобрува по снимките со пораките од Тоти, за на крајот таа и да се разбуди. Кога Тоти дозна за веста, беше меѓу првите кои дојдоа да ја видат. Средбата беше преемотивна“, пишуваат италијанските медиуми.

Се вчитува...