Трогателно писмо од болно дете од леукемија до Синиша Михајловиќ

Тренерот на Болоња и легендата на југословенскиот фудбал Синиша Михајловиќ во саботата на прес-конференција соопшти дека боледува од леукемија и дека пред него е најтешкиот натпревар. 10-годишно дете од Монца кое што боледува од истата болест му испрати писмо на Михајловиќ во кое му порачува на Михајловиќ без разлика на се никогаш да не се откаже и да продолжи да се бори.

„Јас сум Мирко, дете од 10 години со големи квалитети. До октомври 2018 година бев нормално дете. Идев на училиште, играв со другарите и навивав за Парма. Тој октомври ми беше соопштено дека боледувам од леукемија. Тогаш не знаев што е тоа, но потоа дознав дека е тешка болест. Имав два избора. Да плачам или да се подготвам за борба. Најголема помош ми беа фудбалерите на Парма, а посебно Газал и Инглез. Одев на стадион како би го следел омилениот тим. Тоа ми помогна да ги поминам тешките месеци. Сепак, во мај примив нови лоши вести. Терапијата не беше доволна и морав да замина на трансплатација. Освен тоа, првенството беше завршено, што дополнително ме погоди. На 14. мај имав трансплатација на коскената срцевина и во моментов се чини дека се е во ред. Пред некој ден видов на прес дека сте многу тажен. Никој не го разбира Вашиот страв повеќе од мене. Иако имам само 10 години, стравот е еднаков за сите нас. Сакам да Ви кажам да не се откажувате, испуштете многу солзи бидејќи тие се знак на сила и направете се што треба за што побргу да се излечите. Се надевам дека ќе Ви помогне мојот совет. И, кој знае можеби еден ден ќе се сретнеме, јас на трибините, а вие на теренот. Посебна, прегратка од Мирко. И запаметете понекогаш волкот не е толку злобен како што изгледа“, напиша храбриот Мирко.

Се вчитува...