Шпанскиот фудбалер Хуан Каљехон го одигра својот последен натпревар за екипата на Боливар од Боливија. Братот близнак на многу попознатиот Хозе Каљехон од Наполи, својата кариера ја градеше во Боливија во претходните шест години наметнувајќи се како огромен миленик на навивачите.
Сепак, одлучи да го напушти клубот па синоќа го одигра и својот последен меч за боливискиот великан. Каљехон се збогуваше со гол, но вистинските сцени по крајот на натпреварот го трогнаа фудбалскиот свет.
Млад навивач на Боливар падна на колена и со солзи го молеше Шпанецот да остане во клубот. Ниту Каљехон не издржа…, а одлучи да му ја подари на детенцето комплетната своја опрема.
¡TREMENDO VIDEO! Juanmi Callejón, hermano gemelo de José María Callejón del Napoli, jugó su último partido con la camiseta del Bolívar, donde se hizo ídolo, y este pequeño fanático se le tiró a los pies rogando que se quede. El español rompió en llanto. Fútbol señores. pic.twitter.com/u20dOU4YkR
— SportsCenter (@SC_ESPN) December 29, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА