Кошаркарите на МЗТ Скопје се враќаат со победа од гостувањето во Сараево против Спарс ( ) во натпреварот од 11.коло во АБА 2 лигата. Со овој втор триумф во серија, „металците“ со 19 бода се искачуваат на втората позиција на табелата зад лидерот КК Приморска со 22 бода.
Дуелот во Сараево мина во изедначена игра во поголемиот дел. МЗТ Скопје ја презеде иницијативата на стратот и ја доби првата четвртина со 18-23 . Најголема заслуга за водството на „металците“ имаше Американецот Џејмс Вудард кој го предводеше нападот со 11 поени постигнати во овој дел од мечот.
Во втората четвртина гостите ја одбранија предноста (18-18) и првиот дел од натпреварот го завршија со пет поени предност (36 -41). Контролата на резултатот МЗТ Скопје ја задржа и во последните две четвртини. Третата ја заврши со 18-20, а во последната четвртина домаќините го засилија притисокот и во финишот намалија на 71-72. Но, Метфорд погоди тројка и стави точка на победата со конечните 71-75.
Џејмс Вудард беше најефикасен со 24 поени дополнети со пет скока, две асистенции и четири украдени топки. Иве Иванов запиша 19 поени, шест скока и две асистенции. Лестер Медфорд заврши со 10 поени шест скока и шест асистенции.Кај Спарс најкорисен играч беше Драшко Абијаниќ со 14 поени, 11 скока и три асистенции, а Слободан Ивановиќ додаде 16 поени и пет скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА