Тројката на Кефи од МЗТ Скопје, најубав потег на колото во АБА-лигата (видео)

Мајкл Кефи беше предводник на МЗТ Скопје во големата победа над Студентски Центар, а одличниот плејмејкер го има и најдобриот потег во сите натпревари од четвртото коло во АБА-лигата.

Станува збор за фантастичната тројка што Кефи ја постигна во последната секунда од првото полувреме, која донесе предност на МЗТ Скопје и најава за фуриозните втори 20 минути на тимот на тренерот Александар Петровиќ.

Уживајте во оваа Топ 5 листа, на чело со тројката на Мајкл Кефи…

Се вчитува...