„Тројки“ на Македонците на отворањето на шпанската АСОБАЛ-лига

Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски настапија за Валјадолид на премиерниот меч од новата сезона во шпанската АСОБАЛ-лига, на кој нивниот тим ремизираше 34-34 против составот на Морацо.

Двајцата Македонци и нивните соиграчи можат да жалат за ваквиот исход, ако се знае дека на полувреме имаа предност од пет гола (17-12), но Валјадолид одигра катастрофално во одбраната во вториот дел, прими дури 22 гола и на крајот мораше да се задоволи само о еден бод.

Карапалевски, кој летово од Вардар се пресели во Валјадолид, постигна три гола на своето деби во АСОБАЛ-лигата. Подеднакво прецизен беше и Димитриоски, кој како лево крило постигна три гола од четири обиди.

Се вчитува...