Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака, без сомнение, ги преживува најтешките денови откако е во Арсенал. Пред само еден месец беше избран за нов капитен на Арсенал, а сега е на жесток удар на навивачите на тимот.
По неговите лоши игри изминатиов период, кулминацијата се случи на неделниот натпревар со Кристал Палас кога Унаи Емери се одлучи да го извади од игра. Навивачите на Арсенал тоа го дочекаа со аплауз, а испратија силни свирежи кон својот капитен. Џака не можејќи да ги спречи емоциите, им возврати со соблекување на дресот и порака „Е.ете се!“, што предизвика уште поголем револт на трибините.
По овие потези на Швајцарецот со албанско потекло, фановите на Арсенал распалија по социјалните мрежи барајќи веднаш да го напушти клубот. Пооделни негови соиграчи и тоа како се загрижени за капитенот, затоа што знаат дека тоа многу го погоди.
Англиските медиуми пренесуваат дека синоќа тројца фудбалери на Арсенал, со одобрени од клубот, биле во посета на Џака во неговиот тим во Лондон за да разговараат со капитенот. Веќе се најавува дека ќе му биде одземена капитенската лента, а јасно е дека ќе мора да биде ставен на „мирување“ и да пропушти неколку натпревари на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА