Тројца фудбалери на Манчестер сити продолжуваат во ист клуб!?

Мануел Аканџи наскоро би можел да го напушти Манчестер Сити откако Галатасарај испрати понуда од 17 милиони евра. Англискиот шампион е подготвен да ја прифати сумата, а одлуката сега е на швајцарскиот стопер, кој треба да одлучи за својата иднина до крајот на преодниот рок на 1 септември, пишува Дејли Меил.

Аканџи пристигна во Сити во 2022 година од Борусија Дортмунд и беше дел од тимот што ги освои Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Но, не е тоа се што Галатасарај посакува од Манчестер сити. актуелниот шампион на Турција, покрај него сака да го доведе и голманот Едерсон, а ја следат и ситуацијата со Илкај Гундоган.

Се вчитува...