Тројца фудбалери на второлигашот Охрид се позитивни на коронавирусот. Ова е нов случај на позитивни случаи во македонски фудбалски клуб.
„Имаме три позитивни резултати од тестовите на нашите фудбалери кои ги направивме во четвртокот. Ние како клуб ги презедовме сите мерки и ги почитувавме протоколите, но невидлиот непријател бесчујно навлезе и во нашите редови“ – се вели во соопштението од ФК Охрид.
Од ГФК Охрид истакнаа дека ќе ги следат сите насоки од надлежните институции и ќе постапуваат согласно нивните инструкции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА