Тројца фудбалери на Реал Мадрид под истрага поради снимка со малолетничка

Шпанските медиуми пренесуваат вест која ги шокираше сите фанови на Реал Мадрид. Полицијата уапсила најмалку тројца играчи на „кралевите“ под сомневање дека имале еротска снимка со една малолетничка. Не станува збор за членови од првиот тим, туку за играчи од младинските категории.

Наводно снимката „кружела“ во екипата а на неа играчите имале односи со малолетничка. Случајот бил пријавен од мајката на малолетничката, која случајот го пријавила на 6. септември.

Според најавите, после тренингот на Реал Мадрид денеска, биле приведени и однесени на распит во полиција. Еден од играчите наводно снимал видео, а потоа го делел на останатите.

Се очекува да се огласи и клубот по повод овој случај.

Се вчитува...