Англија објави дека Кол Палмер, Фил Фоден и Оли Воткинс се вратиле во нивните соодветни клубови и нема да играат во претстојните натпревари на тимот во Лигата на нации. Тројцата поради повреди нема да играат во првите два натпревари против Ирска и против Финска.
Новиот селектор Ли Карсли се соочува веднаш со проблеми на своето деби на клупата на Англија. Тој најави дека нема да повикува дополнителни фудбалери кои ќе ги заменат овие тројца.
„Гордиот Албион“ ја почнува кампањата во Лигата на Нации против Република Ирска во Даблин во недела, а три дена подоцна ја пречекува Финска на „Вембли“ во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА